Seminarski i Diplomski Rad

 PH na puferi - Puferi vo organizmot 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Prorodno matematicki fakultet- Skopje

СОДРЖИНА
Вовед_________________________________________3
2. Пуфери_______________________________________4
2.1. Механизам на дејство на пуфери_____________5
2.2. Пресметување на pH на пуфери;
Пуферски капацитет________________________7
3. Пуфери во организмот_________________________8
3.1. Што се случува во крвта за време на вежбање_11
4. Заклучок_____________________________________13
Вовед
Иако Mencken не бил ниту биохемичар ниту физиолог, знаел колкава е важноста на водородните јони за одржување на животот. Организмот е водена средина во која ензимските системи се делотворни само при оптимална концентрација на водородни јони и само мали отстапувања можат да доведат до значајни промени во нивната активност. Според тоа, или баш затоа што во организмот се наоѓаат во сосема мала концентрација во споредба со други неопходни за живот јони, важноста на H+ јоните е непроценлива. Водородните јони непрекинато се ослободуваат и/или врзуваат во текот на многу физиолошки процеси. И самата вода е извор на протони но поради слабата јонизација (K = 1,8 × 10-16 mol/L при 25°C) концентрацијата на H+ во чиста вода изнесува само 1 × 10-7 mol/L, што е занемарливо во споредба со концентрацијата на нејонизираните молекули вода (55,3 mol/L). Процесот на јонизација на водата во рамнотежа е дефиниран преку константата на јонизација на водата, К.
H2O + H2O ( H3O+ + OH-
EMBED Equation.3
Ако К ја помножиме со рамнотежната концентрација на водата се добива нова константа која се нарекува јонски производ на водата, КW, и која при температура од 25(С изнесува:
Kw = K [H2O] = [H+] [OH-] = 1 × 10-14 mol2/l2,
па од тука: [H+] = [OH-] = 10-7 mol/L
Бидејќи бројните вредности на концентрација на H+ јоните е многу мала воведено е изразување на киселоста како негативен декаден логаритам од [H+] односно како pH = –log([H+]/mol/L).
pH скалата е логаритамска( а не аритметичка) и мали промени во pH вредноста предизвикуваат големи промени во концентрацијата на водородните јони.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!